EFI natural
EFI изработува природно органска козметика за здрава и свежа кожа.
29/09/2026
Мало шишенце, голема хидратација.
Fresh Aloe travel size лосионот е идеален за во чанта, на работа, на патување… баш секогаш и секаде да ти е при рака.
Нанеси го на раце, тело или каде и да почувствуваш дека на кожата ѝ треба малку повеќе нега и хидратација.
✔️ Алое вера ја смирува кожата од можни иритации настанати од надворешни влијанија
✔️ Шеа путерот ја храни кожата и спречува сушење
✔️ Маслото од шафран ја омекнува кожата и ја одржува еластична.
Лосионот брзо се впива, има лесна текстура и достапен е во две количини.
• Мало travel size пакување од 100мл
• Големо пакување од 200мл
Fresh Aloe лосионот е достапен на нашата веб-страна.
🔎 www.efinatural.com (линк во био)
26/09/2026
Убавино, она што го зумираш во огледало под најјако светло, најчесто никој друг ни не го забележува.
Порите, флеките и текстурата на кожата не се маана, туку доказ за реалност во свет на филтри.
Ти само блескај!
🤎
25/09/2026
Сува, затегната кожа што лесно се вцрвенува и реагира на сè?
Во такви периоди, најдобро е рутината да се сведе на нежна нега и состојки што ќе ѝ помогнат на кожата да се смири. Токму таква е улогата на кремот за лице со алантоин 2%.
Без разлика дали станува збор за кожа склона кон розацеа или моментално нарушена кожна бариера поради агресивни производи, временски услови или други надворешни влијанија, алантоинот помага кожата да си ја чувствувате убаво.
✅ ја смирува иритираната и чувствителна кожа
✅ помага да се омекнат грубите и суви делови
✅ ја поддржува регенерацијата на кожата
✅ придонесува за подобра еластичност и помек изглед
Лесна текстура која брзо се впива, и ја остава кожата мека и смирена.
Кремот за лице со алантоин 2% е достапен на нашата веб-страна.
🔎 www.efinatural.com
Ноќен крем за нормална и сува кожа - EFI Natural Крем за лице со алантоин за нормална и сува кожа. Го поттикнува колагенот, ја смирува розацеата и ја задржува влагата без масни траги. За секој ден.
23/09/2026
Не секое црвенило значи розацеа. И не секоја чувствителна кожа има розацеа.
Симптомите знаат многу да си личат, но причината зад нив не е иста. А ако причината не е иста, не може ни пристапот да биде ист.
Чувствителната кожа најчесто реагира на конкретни надворешни стимули, додека розацеата е хронична воспалителна состојба со свои тригери и специфични потреби.
Заедничко им е што бараат нежна, внимателно избрана нега, со фокус на смирување, зајакнување на кожната бариера и секојдневна SPF заштита.
Правилно препознаената состојба значи и прецизно одредена рутина и поголема шанса кожата навистина да се смири.
💁🏻♀️ За било какви прашања во врска со нега на пречувствителна кожа или кожа склона кон розацеа, пиши ни во порака или јави се на 079 345 558 за бесплатна консултација.
21/09/2026
За родителот бањањето е рутина, а за бебето е плус и чувство. 🫧
Splash & Wash е гел-шампон кој нежно ги чисти кожата и скалпот, без да ја суши кожата и без да пече доколку влезе во очи.
Формулата со камилица, алое вера и пантенол ја смирува секоја иритација и ја хидрира чувствителната детска кожа, а кокосовото масло помага косичката да остане мека и лесна за расчешлување.
❌ Без сулфати, парабени, вештачки бои и мириси
✔️ Погоден за мали дечиња и новороденчиња
💧 За секојдневна употреба
2-во-1 формула за нежна нега од глава до пети, токму она што е потребно за чувствителната кожа на малите дечиња. 🫧
Гел-шампонот Splash & Wash е достапен на нашата веб-страна.
🔎 www.efinatural.com
18/09/2026
Happiness Shower Mousse и полн бојлер топла вода.. 🤌🍏🍋
Ова не е обична ʼкупкаʼ за туширање туку кремаст мус со лесна текстура во чиј состав има маслиновото масло кое прави кожата да остане мека, мазна и хидрирана и по туширањето.
А мирисот? Свежа комбинација од зелено јаболко и лимон што буквално и вака напишано можеш да го помирисаш, нели?
✔️ Лесна и кремаста mousse текстура
✔️ Со маслиново масло
✔️ За секој тип кожа
✔️ Свежи овошни ноти на зелено јаболко и лимон
✔️ Мека, негувана и пријатно миризлива кожа
Мусот за туширање е достапен во 3 варијанти на нашата веб-страна.
🔎 www.efinatural.com
Happiness мус за туширање - EFI Natural Кремаст мус за туширање што ја прави кожата мека и хидрирана, со освежителен мирис на лимон и зелено јаболко за совршено искуство под туш.
16/09/2026
Кога се соочуваме со акни, бараме решение и тоа по можност веднаш.
Но за вистинска промена потребно е време, трпеливост и упорност.
Во овој случај на комбинирана кон мрсна кожа, акни и воспаленија, кога одредувавме рутина, фокусот беше на смирување, обновување на кожната бариера и постепено третирање на постоечкиот проблем без дополнително иритирање.
По само 2 месеци конзистентна употреба на препорачаната рутина, резултатите се повеќе од очигледни.
Со рутината продолжуваме, затоа што резултатите не се момент, туку процес.
Резултатот е постигнат со:
• Гел пилинг од зелена глина за отстранување на мртвите клетки
• Тонер со центела за регулирање на себумот и смирување на лицето
• Ноќен серум со овошни AHA киселини за регенерација на кожата
• Крема со пантенол за смирување и хидратација на кожата
Крема со ниацинамид за намалување на акни, флеки и проширени пори
• Минерален SPF со цинк оксид за заштита од сонце и смирување на воспаленијата
Ако и ти се бориш со слични кожни предизвици, тука сме да ти помогнеме.
💬 Пиши ни во коментар или во порака за бесплатна консултација и персонализирана рутина.
14/09/2026
Мазната кожа започнува со редовен пилинг.
Практикувај пилинг 2 пати неделно и:
✔️ Отстрани ги мртвите клетки од површината на кожата,
✔️ Подобри ја нејзината структура,
✔️ Ослободи се од поткожните влакна кои ужасно те нервираат .. и уживај во чувство на свежа, мека, мазна и негувана кожа.
Пилингот е основен чекор за мазна и мека кожа на телото.
Пилингот за тело е достапен на нашата веб-страна.
🔎 www.efinatural.com (линк во био)
12/09/2026
Сите знаеме… правило број 1: не го чепкај лицето и никако не стискај акни!
Амааа ај сопри ми ги рацете, сами се движат 🤏🧏♀️
Затоа бидете конзистентни со рутините, а EFI производите нема да и остават многу простор на акната ни да се појави.
11/09/2026
За лице кој изгледа свежо и сјае од вистинската причина, а не од себум.
Витамин Ц + пептиди е комбинација која работи на посвеж, порамномерен и негуван изглед на кожата:
✔️ помага при темни флеки и траги од акни
✔️ го изедначува тенот
✔️ ја поддржува продукцијата на колаген
✔️ длабински хидрира благодарение на базата од хијалуронска киселина
✔️ помага кожата да изгледа помазно и посвежо
Одличен избор за кожа која покрај вишокот себум се бори и со флеки од акни и хиперпигментација.
Серумот со витамин Ц се користи само навечер, а наутро употребата на SPF 50 е задолжителна. ☀️
Серумот со витамин Ц и пептиди е достапен на нашата веб-страна.
🔎 www.efinatural.com (линк во био)
Серум со витамин Ц и пептиди - EFI Natural Серум со витамин Ц 15% + Пептиди го осветлува тенот, стимулира колаген и ги намалува фините линии, оставајќи ја кожата подмладена и свежа.
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Contact the business
Telephone
Website
Address
Gevgelija
1480
Alerts
Be the first to know and let us send you an email when EFI natural posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.