Pura Perla

Pura Perla

Share

Природна,рачно изработена козметика.

12/09/2026

The Ultimate Hyaluronic Moisturizer е за оние кои имаат сува, нормална или сензитивна кожа. Идеално решение за кожата после долгите сончеви денови. Со Ecocert сертифицирани екстракти од краставица, женшен и гинко билоба за кои е докажано дека ја намалува видливоста на фините линии и ја подобруваат цврстината на кожата. Кремата содржи и хијалуронска киселина која е најсилниот хумектант на пазарот без конкуренција. Има моќ да врзува голема количина на вода а со тоа ја одржува кожата влажна и ја чува нејзината еластичност во текот на целиот ден. Лицето ќе изгледа сјајно, здраво и свежо.
Без разлика дали сега влегувате во светот на anti-age препаратите за лице или веќе долго се негувате со внимателно одбрани состојки, оваа крема ќе ги задоволи вашите очекувања.

10/09/2026

✨ Кој мирис би бил твојот личен потпис?

Замисли да можеш да го преточиш твојот карактер, расположение и стил во еден мирис — и да создадеш парфем кој не постои никаде освен кај тебе. 🤍

На 16 септември те носиме на едно поинакво мирисно искуство.
Заедно ќе ги истражуваме мирисните ноти, ќе мешаме, комбинираме и експериментираме сè додека не ја создадеме формулата која едноставно ќе кажува: „Ова сум јас.“

🌸 Дали ќе биде нежно и цветно?
🌿 Свежо и чисто?
🪵 Топло и дрвенесто?
✨ Или нешто сосема неочекувано?

Ти ја избираш приказната. Ние ќе ти помогнеме да ја претвориш во мирис.

И најубавото?
На крајот од работилницата не си заминуваш само со ново искуство, туку и со свој уникатен signature парфем, создаден од тебе и според тебе.

А за целото искуство да биде уште поубаво —
🍷 вино во неограничени количини + сите материјали се вклучени во цената.

📅 16.09.2026 | среда
⏰ 20:00 часот
💫 1.500 денари

📌 Местата се ограничени, затоа не оставај за последен момент.

📩 Пријавувањето е преку профилот на Art Hub 🌕 - Create. Connect. Celebrate.

Дојди да си создадеш мирис што нема да го најдеш на ничија полица.
Твој мирис. Твој потпис. Твоја приказна. 🫶✨

07/09/2026

24h SALE 🛍️ Нарачај на www.puraperla.mk или на социјалните мрежи 🏪

Честит празник Македонијо 🇲🇰

03/09/2026

За неа – PURE HARMONY 🍏✨

Доживејте чистота и совршена хармонија во една формула. Овој маслен парфем е внимателно создаден со каприл триглицериди и масло од јојоба, кои ја негуваат кожата и овозможуваат постепено ослободување на мирисот.

Мирисната композиција започнува со свежата и светкава нота на бергамот, се развива со ароматичниот допир на коријандер и завршува со сочна свежина од зелено јаболко.

Идеален за жени кои сакаат чист, свеж и софистициран мирис со долготраен ефект. 💚

03/09/2026

неа – PURE HARMONY 🍏✨

Доживејте чистота и совршена хармонија во една формула. Овој маслен парфем е внимателно создаден со каприл триглицериди и масло од јојоба, кои ја негуваат кожата и овозможуваат постепено ослободување на мирисот.

Мирисната композиција започнува со свежата и светкава нота на бергамот, се развива со ароматичниот допир на коријандер и завршува со сочна свежина од зелено јаболко.

Идеален за жени кои сакаат чист, свеж и софистициран мирис со долготраен ефект. 💚🍏

26/08/2026

✨ НОВИ МИРИСНИ НОТИ ВО НАШАТА КОЛЕКЦИЈА НА МАСЛЕНИ ПАРФЕМИ ✨

Три уникатни мириси, три различни приказни – создадени да ја истакнат вашата женственост и да остават незаборавна трага. 💫

🍏 PURE HARMONY – чиста и свежа хармонија од бергамот, ароматичен коријандер и сочно зелено јаболко. Совршен избор за љубителките на свежи и софистицирани мириси. 💚

🌹 FLORAL WHISPER – нежна и романтична комбинација од опоен јасмин, елегантна роза и сензуален мошус. Мирис што ја слави женственоста и суптилната елеганција. 🌸

🍋 CITRUS AURA – блескава и енергична свежина од лимон и мандарина, дополнета со нежни и топли ноти за префинет и ведар мирис. 💛

Нашите маслени парфеми се внимателно создадени со каприл триглицериди и масло од јојоба, кои ја негуваат кожата и овозможуваат постепено ослободување на мирисот за долготраен ефект. ✨

Кој од овие три мириси најмногу ја опишува твојата аура? 🍏🌹🍋

Photos from Pura Perla's post 24/08/2026

Од настаните што особено ни го одбележаа ова лето, со задоволство ја издвојуваме нашата работилница за изработка на персонализирани ниш парфеми, организирана во рамките на ВИП-вечерта за клиентите на Automobili Group Land Rover.

Присутните имаа можност да создадат свој уникатен парфем, внимателно избирајќи мирисни ноти според сопствените преференции и личен сензибилитет. Мирис што ќе ја раскаже нивната приказна, ќе ја одрази нивната личност и ќе остави препознатлив впечаток.

Бидејќи, на крајот, токму мирисот е оној што најдолго останува во нашата меморија — способен со само еден миг да нè врати во одредено време, да разбуди емоција и повторно да оживее убав спомен. 🤍

14/08/2026

Essentials 🤍

12/08/2026

Како и кожата, така и косата во текот на летото има потреба од дополнителна хидратација и нега, особено во деновите поминати на плажа и по изложувањето на сонце. ☀️🌊

За заштита од оштетување, длабинска нега и обновување на влакното, ви ги препорачуваме нашите целосно природни производи за коса. 🌿

Формулирани се со богати билни екстракти, арганово и рицинусово масло, како и аминокиселини од овес, за негувана, мека и сјајна коса.

Вашата коса заслужува посебна нега – особено во лето. 🤍

10/08/2026

Од денес ќе се дружиме повторно во нашата продавница 🤍

Want your business to be the top-listed Beauty Salon in Skopje?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Website

Address

Orce Nikolov 107
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 12:00 - 19:00
Tuesday 12:00 - 19:00
Wednesday 12:00 - 19:00
Thursday 12:00 - 19:00
Friday 12:00 - 19:00
Saturday 12:00 - 15:00