akdermabeauty
Естетска дерматологија и медицинска козметологија 🌹Lady’s only
02/02/2025
Февруари – месец на славење! 🎉✨
Февруари е роденденски месец на нашиот салон, а ние славиме со ВАС! 🥳
Ви подготвивме специјални роденденски попусти до 50%на омилените третмани, како и ексклузивни попусти на пакети!
Ви оставивме дел на цените со попуст
Сега е совршен момент да си подарите нега, свежина и блескава кожа по најповолни цени!
📅 Промоцијата важи во текот на целиот февруари.
📩 Резервирајте си термин порано – пишете ни или јавете се на 📞 075318168
Ви благодариме што сте дел од нашата приказна! 💖
21/01/2025
Комедони? Не повеќе! Совршена кожа без шминка!
Комедоните, познати како бели точки, се честа појава кај многумина. Тие се резултат на насобрани маснотии, мртви клетки и нечистотии кои ги затнуваат порите. Ова не само што ја прави кожата груба и нерамна, туку често предизвикува и несакани акни.
Нашата прекрасна клиентка се соочи со ист проблем – затворени и запушени пори кои ѝ ја отежнуваа секојдневната нега. Со посветеност и вистинска грижа, решивме да ја ослободиме кожата од комедоните и да ѝ ја вратиме природната свежина.
✨ Резултат:
Денес, нејзината кожа блеска – мазна, чиста и здрава! Без потреба од шминка, таа ја носи својата кожа со гордост и самодоверба.
🌸 Природната убавина е најголема магија!
17/01/2025
Како што старее кожата, бројот на меланоцити се намалува, но оние што остануваат се зголемуваат и нивната дистрибуција станува понеконтролирана
Генетиката исто така игра важна улога во развојот на старечките дамки.
Ако еден или двајцата родители имале старечки дамки, постои можност тие да се појават во следната генерација.
16/01/2025
🚫 Не го чепкајте вашето лице – важен совет за здрава кожа! 💡
Честото стискање и допирање на лицето може да предизвика:
❌ Појава на темни флеки и хиперпигментација
❌ Воспаленија и инфекции
❌ Трајни лузни кои тешко се отстрануваат
👉 Зошто е важно да не го правите тоа?
Кога го допирате лицето со нечисти раце или стискате акни, бактериите и маснотиите продираат под кожата и го влошуваат проблемот.
✨ Наместо тоа, грижете се за кожата со:
✔ Редовно чистење со нежни производи
✔ Користење креми за смирување и хидратација
✔ Професионални третмани
🔑 Запомнете, правилната нега е клучот за здрава и блескава кожа!
Внимавајте и сакајте ја својата кожа – ќе ви возврати со сјај!
12/01/2025
“Револуционерни резултати со akdermabeauty!
Ова е трансформација по само два третмани – професионално чистење на лице и пилинг. Со комбинирање на овие процедури, ја отстрануваме натрупаната нечистотија, мртвите клетки и ја стимулираме кожата за свеж и здрав изглед. Резултатот е видливо почиста, мазна и блескава кожа. Доверете се на нашата експертиза и почувствувајте ја разликата!”
12/01/2025
“akdermabeauty”-Третман креиран само за вас!
Нашиот уникатен пристап вклучува детална анализа на кожата и персонализирана нега со врвни производи. Без разлика дали сакате чистење, хидратација, третман против акни, хиперпигментација или намалување на брчки – секој третман е дизајниран според вашите потреби. Со нашата професионална грижа, вашата кожа ќе блеска со свежина и здравје!”
12/01/2025
Бели комедони
– трансформација пред и по третмани
Фотографијата го прикажува процесот и резултатите од третман на бели комедони (затворени поткожни акни). На првата фотографија, кожата покажува видливи затворени пори – мали бели испакнатини предизвикани од натрупан себум и мртви клетки.
На втората фотографија, по извршениоте третмани,се забележува значително подобрување – кожата е почиста, мазна, без видливи комедони, со освежен и здрав изглед.
Порака:
Со правилна нега и професионален пристап, кожата може да се ослободи од затворените пори и повторно да блесне со природна убавина!
12/01/2025
Лекување на лузни – посветеност и резултати
На фотографијата е прикажана трансформација на кожата преку третмани за намалување на лузни од акни. Горните фотографии го покажуваат почетокот – кожа со изразено црвенило и нерамна текстура. Последната фотографија го прикажуваа резултатот – мазна, смирена кожа со значително подобрена текстура и сјај.
Ова е доказ дека со упорност, стручна работа и правилен пристап, секоја кожа може да блесне повторно!
Ова не е конечен резултат⚡️
06/12/2024
ПРЕД И ПОСЛЕ ТРЕТМАНИ:ВОСПАЛИТЕЛНИ АКНИ
На сликата можете да видите кожа пред и после третман за воспалителни акни. Станува збор за акни предизвикани од прекумерна продукција на себум, затнување на порите и присуство на бактерии што предизвикуваат воспаление.
Со соодветна комбинација на професионални третмани, успеавме:
✔️ Да го намалиме воспалението.
✔️ Да ја смириме кожата.
✔️ Да ја подобриме текстурата и балансот на кожата.
Третманите вклучуваат длабинско чистење, хидратација и користење специјални препарати за регулирање на себумот и ублажување на воспалението.
👉 Доколку и вие имате сличен проблем со кожата, закажете термин и започнете со нега која дава резултати!
📩 Контактирајте не за консултација и повеќе информации.
26/10/2024
⚡️Постигнат резултат со третмани за лузни⚡️
„Ве водевме низ процесот на лекување на лузни, и еве го резултатот! Со внимателно избрани третмани и посветеност, кожата сјае со нова свежина и мазен изглед.
Продолжуваме да работиме за совршена кожа!✨
30/08/2024
Здрава и сјајна кожа на лицето не е само сон❗️
Многу е важно да се грижиме за својот изглед и да се стремиме нашето лице да биде здраво, мазно и чисто. Знаеме, не е секогаш така едноставно. Јасно е дека ќе има многу пречки на патот. Сигурно е дека на повеќето жени не им е лесно да се справат со малите и големите несовршености на лицето.
Редовната нега и редовни третмани ќе ви дадат убава,здрава,сјајна и негувана кожа.
🥰Мојата преубава клиентка🥰
29/08/2024
❌МИЕЊЕ НА ЛИЦЕ САМО СО ВОДА-не е миење!!!
Овој начин на миење апсолутно не спаѓа во процедурите за отстранување на нечистотијата!
Можете ли да замислите што е на вашето лице на крајот од денот❓❓
Многу често се мисли или клиентките ќе ми кажат :”Ама јас не се шминкам!”
Не е само шминката нечистотиа на лицето на крајот на денот.
Во текпт на денот доага до лачење на лојни и потни жлезди,а продуктите на тие жлезди се потта и себум.Тие имаат своја позитивна улога прават заштитен слој на површина на кожата.
Овој таканаречен ХИДРОЛИПИДЕН филм не заштитува од различни надворешни влијанија и исто така го спречува губењето на влажноста и се што е корисно од подлабоките слоеви на кожата (еден од позитивните ефекти, а секако ги има повеќе)
Покрај ова, во текот на денот на нашата кожа се акумулира сè од надворешната средина.
Ако нанесете шминка, таа им припаѓа на сите оние намерно нанесени нечистотии.
Кога денот ќе заврши, можете ли да замислите што има на површината на нашата кожа?
Некои од овие нечистотии се мрсни и водата нема да ги отстрани.Значи, ако долго време се миете со вода, да речеме дека веќе имате „маска“ на вашата кожа во вид на нечистотија!
Чистењето на кожата (особено на крајот од денот) е еден од НАЈВАЖНИТЕ чекори во секојдневната нега на кожата на лицето.
Доколку не сте ја подготвиле адекватно кожата за нанесување на производот, дури и најскапиот крем или серум нема да ви помогне, бидејќи не може да навлезе во кожата и на овој начин сите процеси се во мирување.
На пазарот има голем број на различни средства за чистење, без разлика дали се тоа млеко, емулзија, пена, гел, маслени или водени... а кој е вистинскиот за вашата кожа, вашиот козметичар кој го следи типот и состојбата на вашата кожа ќе ви каже.
Претежно, современите препарати немаат процес на сапонификација кој бара присуство на одредени хемиски супстанци за тој да се одвива, а притоа штетно да делуваат на кожата.Затоа ве советуваме секогаш да се одлучувате за таков препарат.
После секој третман во нашиот салон добивате совет за соодветна домашна нега и објаснувања.
✅Совет: СЕКОГАШ ПРВО ОТСТРАНУВАЈТЕ ЈА ШМИНКАТА И ПОТОА ЧИСТЕТЕ ЈА КОЖАТА!!!
Ваш akdermabeauty🥰
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Telephone
Website
Address
John Kennedy 9A/1
Skopje