The SPA -for royal experience
Луксузен СПА салон за убавина создаден за совршено релакссирачко искуство.
05/06/2026
Замисли да се вратиш од викенд на италијанскиот брег со совршено потемнет тен… без часови поминати на сонце и без оштетување на кожата. 🇮🇹☀️
Нашиот Spray Tan ви овозможува природен, рамномерен и негуван бронзен тен за само неколку минути.
✔ Без сончање и УВ зраци
✔ Без портокалов изглед и флеки
✔ Трае до 10 дена
✔ Постепено и рамномерно се губи
✔ Идеален пред / за одмор, свадба, прослава или важен настан
Во рамки на нашиот Италијански месец, ви ја носиме тајната на медитеранскиот изглед , кожа која изгледа како да бакнала сонцето на Сицилија, а притоа останува здрава и негувана.
Овој месец ве очекува и специјална промотивна цена за Spray Tan.
Закажете го вашиот термин и влезете во летото со самодоверба, сјај и малку италијанска магија. ✨🇮🇹
05/06/2026
Like this post 🍋🌟
01/06/2026
🇮🇹 Benvenuti in Italia Month! 🍋
Овој месец ве носиме во Италија.
Замислете мирис на свежи лимони, чаша лимончело, италијанска музика што тивко свири во позадина, арома на маслиново масло и моменти резервирани само за вас. Токму таква атмосфера ве очекува во нашиот салон во текот на целиот месец.
Го носиме духот на Италија во The SPA со специјална декорација инспирирана од Амалфи, лимони на секој чекор, италијанско кафе и внимателно одбрани третмани кои ја слават природната убавина и уживањето по кое Италија е позната.
Ќе можете да уживате во:
🍋 Специјални SPA ритуали со морска сол и маслиново масло
🍋 Масажи со освежителни цитрусни ароми
🍋 Третмани инспирирани од италијанските ритуали за убавина
🍋 Италијанско кафе и мала доза dolce vita додека сте наши гости
🍋 Посебни месечни попусти и изненадувања достапни за сите клиенти
Ова лето го започнуваме со повеќе сонце, повеќе позитивна енергија и малку италијанска магија.
Затворете ги очите и дозволете ни барем на еден час да ве однесеме на брегот на Амалфи, низ тесните улички на Италија и во светот на вистинското уживање.
La Dolce Vita започнува тука. 🇮🇹🍋
Ве очекуваме да ја доживеете Италија во The SPA for Royal Experience. 💛
01/06/2026
🌟Посебна благодарност до нашата Сики и , која и овој пат успеа да ја претвори нашата замисла во магија.
Не знае само како треба изгледа нашиот салон ,знае како дишеме, што чувствуваме и каква приказна сакаме да раскажеме. Токму затоа секој детал е создаден со љубов, вкус и препознатлива елеганција.❤️
Сики, ти благодариме што секогаш се надминуваш себеси, што си дел од нашето патување и што повторно создадовме атмосфера во која и ние и нашите клиентки ќе уживаме цел месец.🍋❤️
Како и секогаш -единствени, препознатливи и незаменливи.
Grazie di cuore! 🇮🇹🍋
31/05/2026
Останаа уште 2 слободни термини на 2 јуни за трајна шминка кај нашата гостинка -врвна артистка Танкица.
Достапни се следните третмани:
• Lips Blush – нежно освежување и дефинирање на усните
• Powder Brows – природен, пополнет изглед на веѓите
• Microblading – прецизна јапонска техника за природни влакненца
Доколку сакате да го резервирате вашиот термин, пишете ни веднаш во порака
Само на 2ри јуни во нашиот салон - може да закажете за Lips Blush, Powder Brows или microblading.
Уште два слободни термини🔥
22/05/2026
Гел лак 🥰
11/02/2026
Пријавување во инбокс или на 077931919.
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Telephone
Address
Булевар Илинден 60
Skopje
1000
Opening Hours
| Monday | 10:00 - 20:00 |
| Tuesday | 10:00 - 20:00 |
| Wednesday | 10:00 - 20:00 |
| Thursday | 10:00 - 20:00 |
| Friday | 10:00 - 20:00 |
| Saturday | 08:00 - 15:00 |