Agape Bio Well
Центар за справување со секојдневниот стрес и спречув?
Центарот AGAPE BIO WEL за првпат во Република Северна Македонија ви ги претставува техниките кои ќе ви помогнат полесно да се справите со секојдневниот стрес како и да го спречите процесот на стареење на субатoмско ниво.
Следете го РИТАМОТ НА ЕНЕРГИЈАТА
15/05/2026
Типична слика на жена со силно изразена метална јинска енергија и присуство на јанска земјена енергија.
Жената со Јин Метал, како Господар на денот во кинеската метафизика има префинета, елегантна и силна енергија. Таа е интелигентна, внимателна и знае добро да ги анализира луѓето и ситуациите.
Има добар вкус, чувство за убавина и природна софистицираност. Во комуникацијата е тактична и достоинствена, а со блиските знае да биде лојална и искрена.
Иако на прв поглед може да делува нежно и мирно, таа е многу издржлива, стабилна и цврста. Исто како дијамантот.
Земјата како елемент носи скриено богатство, не само во материјална туку и во интелектуалната и духовна смисла, бидејќи земјата претставува ресурс за металот.
Кинеската метафизика воодушевува со начинот на кој ги анализира луѓето, кои се нивните силни страни и ментални програми и што е тоа што е заробено длабоко во нив. Ме плени, бидејќи с'е е претставено како слика во природата. А природата е совршена
Убав викенд,
Агафи Гаџова
11/05/2026
Мистеријата на високиот притисок: Сите анализи се добри, но оганот во телото расте
И покрај тоа што лицето направило детални медицински испитувања (срце, бубрези, тироидна жлезда, црн дроб, хормонален статус, како и стрес тест), не била пронајдена конкретна медицинска причина за покачениот крвен притисок. Сите резултати биле во граници кои не укажуваат на органско заболување или директна физиолошка индикација за хипертензија.
Од перспектива на БАЗИ, објаснувањето се наоѓа во силното енергетско влијание на тековниот период. Лицето во својата карта има изразен елемент Метал, а со доаѓањето на периодот на Огнениот Коњ започнало постепено активирање и покачување на внатрешниот оган. Во циклусите на БАЗИ, огнот има способност да го топи и напаѓа Металот, создавајќи внатрешен притисок, тензија и прегревање на енергијата во телото.
Кулминацијата на ова влијание се случува во мај, месецот на Водената Змија. Иако водата делумно носи баланс, самата Змија е силен огнен знак и дополнително ја активира огнената структура во картата. Лицето веќе поседува Тигар и Мајмун во својата натална карта, а со доаѓањето на Змијата се формира т.н. „огнена казна“ меѓу Тигарот, Мајмунот и Змијата. Оваа комбинација во БАЗИ често се поврзува со внатрешна нервоза, напнатост, импулсивна огнена енергија и проблеми поврзани со циркулацијата и крвниот притисок.
Најсилниот пик бил забележан на 10 мај во 21:45 часот. Според БАЗИ, тоа е ден на Дрвениот Мајмун, а воедно периодот од 21:35 до 23:35 припаѓа на часот на Дрвеното Куче. Во оваа комбинација Дрвото дополнително го напаѓа и исцрпува Металот, создавајќи уште поголем енергетски конфликт во картата.
Покрај тоа, дошло и до силна хемиска трансформација на енергиите. Коњот, Кучето и Тигарот заедно формираат огнена тријада, која драматично ја засилува енергијата на Огнот. Вишокот оган, во комбинација со силниот метал во картата, создава состојба на внатрешен притисок и прегревање, што според БАЗИ, може да се манифестира преку ненадејни скокови на крвниот притисок, иако медицинските испитувања не покажуваат директна патологија.
Она што современата медицина го познава и истражува во последните 200 години е само мал дел во споредба со древните системи на знаење кои се изучуваат повеќе од 6000 години. Токму затоа, кога не постои јасно медицинско објаснување, потребно е да се пристапи холистички, да се разгледа не само физичкото тело, туку и влијанието на енергијата, емоциите, циклусите и природните сили врз човекот.
БАЗИ не служи само за анализа на карактерот и животните настани, туку може и навремено да укаже на периоди на енергетски дисбаланс и потенцијално тешки циклуси кои можат да се одразат врз здравјето. Преку разбирање на овие циклуси, човекот може свесно да преземе мерки, да го намали стресот и подобро да се подготви за периодите кога телото е под поголем енергетски притисок.
Агафи Гаџова
07/05/2026
За улогата на црниот дроб, спонтаните абортуси и кошмарните соништа
Црниот дроб, спонтаниот абортус, кошмарните соништа и етеричното тело можат да се разгледуваат низ призмата на Традиционалната кинеска медицина (ТКМ).
Во ТКМ, црниот дроб има клучна улога во слободниот проток на животната енергија „Qi“ и складирањето на крвта. Кога функцијата на црниот дроб е нарушена поради стрес, потиснати емоции или надворешни фактори, доаѓа до застој на Qi. Овој застој може да предизвика емоционална нестабилност, раздразливост, но и физички состојби поврзани со репродуктивниот систем.
Спонтаниот абортус, според ТКМ, често се поврзува со слабост на крвта и бубрезите, но и со дисбаланс на црниот дроб. Ако тој не ја регулира крвта, матката може да не добие доволна поддршка за одржување на бременоста. Стресот и емоционалните блокади дополнително ја влошуваат оваа состојба, бидејќи го нарушуваат движењето на Qi.
Од друга страна, кошмарните соништа во ТКМ се поврзуваат со нарушување на етеричното тело – Hún. кој влијае на црниот дроб. Кога црниот дроб е „прегреан“ или има застој на енергија, тоа може да доведе до немирен сон, интензивни или вознемирувачки соништа. Особено, вишокот на огин во црниот дроб, често се поврзува со кошмари и будење во текот на ноќта.
Етеричното тело, иако не е директен термин во класичната ТКМ, може да се поврзе со концептите на Qi и меридијаните. Тоа претставува суптилно енергетско поле кое го опкружува физичкото тело. Кога протокот на Qi низ меридијаните (особено меридијанот на црниот дроб) е нарушен, влијае не само на физичкото здравје, туку и на емоционалната и духовната состојба.
Според оваа перспектива, сите овие појави (проблеми со црниот дроб, спонтан абортус, кошмарни соништа) се дел од една поширока слика на енергетска нерамнотежа. Затоа ТКМ, не се фокусира само на симптомите, туку на враќање на хармонијата преку исхрана, билки, акупунктура и емоционална стабилизација. Исто така, намалената или зголемената концентрација на холинестеразата, не е само индикатор за одредени физиолошки заболувања, туку и маркер за кошмарни соништа и пореметена функција на Ендоплазматичниот ретикулум, особено на агрануларниот.
13/04/2026
Вашата психолошка состојба прикажана како слика од природата
BaZi е генитален систем за анализа на психата, затоа што го прикажува вашиот внатрешен свет како жива слика од природата. Динамична, променлива и длабоко поврзана со природните закони.
За разлика од апстрактната астрологија, БАЗИ ја прикажува психата конкретно и јасно, па токму затоа е толку моќен и генијален систем во анализата на психата на човекот.
🐒🐅 Судирот на Мајмун и Тигар, кога интелектот и инстинктот се соочуваат
Во системот на BaZi (Четири столба на судбината), секој знак не е само симбол, туку психолошка сила, архетип на однесување и начин на доживување на светот.
Тигарот носи енергија на храброст, движење и визија. Тој сака да дејствува, да ризикува и да води. Мајмунот, пак, е интелектуалец, стратег, набљудувач, некој што игра со ситуациите и секогаш бара предност.
Кога овие две енергии се сретнуваат, се создава судир. Не затоа што едната е „погрешна“, туку затоа што се спротивни по природа. Во теоријата на петте елементи, Металот (Мајмун) го контролира Дрвото (Тигар). Ова симболично значи: разумот го сече импулсот.
✨ На индивидуално ниво, ова е внатрешен конфликт: дел од нас сака веднаш да дејствува, а друг дел анализира, се сомнева и калкулира. Ова може да создаде напнатост, но и длабока интелигенција — способност да се види и ризикот и стратегијата во исто време.
💞 Во односи, оваа динамика носи привлечност, но и недоверба. Тигарот го гледа Мајмунот како пресметлив, додека Мајмунот го гледа Тигарот како импулсивен. Ако нема свесност има судир. Ако има, се создава моќен баланс меѓу лидерство и стратегија.
🌍 На колективно ниво, оваа енергија често се манифестира како судир меѓу директна акција и скриени игри, меѓу храброст и манипулација, меѓу револуција и интелектуална контрола. Таквите периоди носат нестабилност, но и иновација.
🧠 Зошто BaZi може да се гледа како психолошка анализа?
Затоа што не ја гледа личноста како непроменлива, туку како динамично движење на природни сили. Секој елемент е дел од нас и кога тие се во хармонија, ние сме во баланс. Кога елементите се судираат, ние растеме.
🌱 Затоа, судирот не е проблем. Тој е потенцијал за свесност.
https://www.instagram.com/reel/DWjZYtDAlx2/?utm_source=ig_web_copy_link&igsh=NTc4MTIwNjQ2YQ==
01/04/2026
Период кога не е препорачливо да се посетуваат гробишта, а особено не да се оди на погреб
Нашите предци, иако не биле формално образовани, преку набљудување на природата и животот околу себе стекнале длабоко разбирање за светот. Таа мудрост, пренесувана низ генерации, носи траги од универзални вистини, но ние денес сè почесто ги занемаруваме тие обичаи и знаења.
Период кога не е препорачливо да се посетуваат гробишта, а особено не погреби
Кога во однос на нас се отвораат Вратите на погребот, стануваме целосно незаштитени!
На денот на погребот, душите, духовите во круг го опкружуваат свежиот гроб за да го дочекаат новиот „гостин“. Ако имате „пукнатини“ во аурата, или сте бремени, носите бебе, болни сте, исцрпени и слично, постои голема веројатност од гробиштата да си заминете со „придружба“. Или пак можете да изгубите толку енергија што по посетата сериозно ќе се разболите.
Ако мора да присуствувате на погреб на близок роднина, задолжително ставете нараквици на двете раце (било какви), потпрете се на заштитата на Главниот дух ( Ji Fu) и на гробиштата секогаш стојте со грбот свртен кон Главниот дух (за оние кои ги познаваат правилата на кинеската метафизика).
Како да разберете кога во однос на вас се отвора Вратата на погребот?
Направете ја вашата Бази карта и погледнете во ДЕНОТ кога сте родени . Ако сте родени во ДЕНОТ на:
Стаорец (子) – Вратите на погребот се отвораат во месецот на Тигар (寅)
Вол (丑) – во месецот на Зајак (卯)
Тигар (寅) – во месецот на Змеј (辰)
Зајак (卯) – во месецот на Змија (巳)
Змеј (辰) – во месецот на Коњ (午)
Змија (巳) – во месецот на Коза (未)
Коњ (午) – во месецот на Мајмун (申)
Коза (未) – во месецот на Петел (酉)
Мајмун (申) – во месецот на Куче (戌)
Петел (酉) – во месецот на Свиња (亥)
Куче (戌) – во месецот на Стаорец (子)
Свиња (亥) – во месецот на Вол (丑)
Исто така, Вратите на погребот се отвораат и во годината и во денот означен со тоа животно. Кои датуми ги опфаќа секој месец може да проверите во било кој калкулатор.
👉 Бидете внимателни!
Елена Паригина
31/03/2026
Знаци на безчувствителни луѓе во БАЗИ
БАЗИ е длабока и прецизна психолошка анализа која навлегува во менталните програми, емоционалните модели и внатрешните механизми на личноста. Таа не ги опишува само настаните во животот, туку открива како човек размислува, чувствува и реагира во одредени ситуации.
Понекогаш, во картата се појавуваат комбинации што ја прават личноста пооддалечена, порезервирана и потешка за емоционално поврзување. Ова не е етикета, туку потенцијал што може да се изрази на различни начини.
1️⃣ Овчји нож (羊刃) во Столбот на Денот или Часот (Овчји нож е летечка ѕвезда)
Овој знак покажува силна, но затворена емоционална природа. Личноста може да изгледа мирна и ладнокрвна, тешко се отвора и ретко покажува нежност.
Но, тешко стекнува доверба, не ги изразува лесно чувствата, долго памети навреди. Дури и мала повреда може долго да остане во сеќавањето.
2️⃣ Предизвик на Власта (Божество во БАЗИ)
Оваа енергија дава остар ум и силна способност за „читање“ на луѓето. Личноста брзо ја разбира ситуацијата и лесно ги препознава намерите на другите.
Но: може да реагира бурно, понекогаш несвесно повредува други. Клучна особина е што вистинските намери не се секогаш очигледни. Однадвор може да делува пријатно, но внатрешно е многу посложена.
3️⃣ Претерана „Правилнa власт“ или „7 Убијци“ (Божества во БАЗИ)
Кога овие енергии се премногу изразени и без баланс, личноста станува затворена и сомничава. Најчесто се манифестира преку: постојана внатрешна напнатост, негативен поглед кон работите, чувство дека постои закана, дури и кога ја нема. Во таква состојба, одлуките често се носат од страв и недоверба.
✨ Важно
Овие знаци не значат дека некој е „лош“. Тие покажуваат внатрешни модели што, ако не се освестат, можат да создадат дистанца во односите. Со свесност и работа на себе, овие енергии можат да се претворат во сила, стабилност и јасност.
Елена Паригина
28/03/2026
За тешките кожни заболувања и веродостојноста на БаЗи и кинеските трактати.....................
U klasičnim traktatima Bazi postoje jasne naznake teških kožnih bolesti, čak i gnojnih promjena na licu..
Ono što je zanimljivo, to nije teorija. Takve stvari vidite na stvarnim primjerima.
Primijetila sam kod sebe jednu naviku. Prvo proučim sudbinu osobe, a tek onda, kad me osoba zainteresira, čitam njezine knjige, gledam filmove ili slušam glazbu.
Tako je bilo i ovaj put, s Charles Bukowski.
Rođen je u Njemačkoj, odrastao u SAD-u. Dugo je živio običan život. Radio je, nije bio priznat. Izdavači nisu pokazivali interes. Sve dok se nije pojavio čovjek koji mu je rekao:
„Daj otkaz. Piši. Plaćat ću ti 100 dolara mjesečno, samo da pišeš.“
Kupila sam njegovu autobiografsku knjigu „Kruh sa šunkom“, o njegovom djetinjstvu.
Čitala sam i… nije mi bilo lako.
Grubo, na trenutke neugodno. Muški svijet bez uljepšavanja. Siromaštvo, agresija, alkohol, tučnjave, depresija. Ali istovremeno živo i teško se odvaja od teksta.
I onda jedan detalj koji mi je odmah privukao pažnju.
Njegova bolest.
U knjizi piše:
„Negdje u osmom ili devetom razredu upalile su mi se lojne žlijezde… Bilo je strašno. Najteži slučaj u gradu. Prišti i čirevi prekrili su lice, leđa i prsa… Čirevi su bili veličine oraha…“
U školi su roditeljima jasno dali do znanja da njegov izgled izaziva nelagodu. Povukli su ga iz škole.
U bolnici su ga liječnici dolazili gledati kao rijedak i težak slučaj.
U tom trenutku sjetila sam se teksta iz kineskog traktata o zdravlju.
U pojednostavljenom obliku piše:
ako je Zemlja (戊 ili 己) u stupu sata oslabljena.
i ako je u mjesecu i satu prisutno Ranjavanje službenika
→ pojavljuju se oštećenja lica i gnojne, krvareće promjene u mladosti.
Kad pogledate kartu Bukowskog, ti znakovi zaista postoje.
Dodatno, imao je težak odnos s ocem. Otac ga je tukao i kasnije izbacio iz kuće, nazivajući njegovo pisanje odvratnim.
U karti se vidi snažno nepovoljno Bogatstvo (otac) koje se sukobljava s Pečatom (majka). Majka ga je podržavala, ali ga nije mogla zaštititi.
Primijetila sam još jednu stvar:
u slaboj karti Pečat blokira Ranjavanje službenika.To govori da osoba ne završava školovanje.
I kod Bukowskog se to vidi. Napustio je fakultet.
Takve podudarnosti pokazuju koliko se teorija može jasno vidjeti u stvarnom životu.
Elena Parigina
08/03/2026
БаЗи открива: Како парите влијаат на вашата енергија и здравје
Во БаЗи, 5-те елементи : Дрво, Оган, Земја, Метал и Вода , се основата на енергијата што го обликува нашиот карактер и живот.
Овие елементи се трансформираат во 5 животни категории:
✨ Братство
🎨 Самоизразување
💰 Богатство
👑 Власт
📚 Ресурс
Секоја од нив има Јин и Јанг аспект, што создава 10 енергетски архетипови познати како „10 Богови“ во БаЗи. Преку нив можеме подобро да разбереме како размислуваме, како се изразуваме, како привлекуваме ресурси и како се поврзуваме со светот.
Во БаЗи постои силна врска помеѓу Богатството (парите) и Ресурсот (здравјето и енергијата).
Парите се поврзани со акција, цели и амбиции, додека Ресурсот е поврзан со телото, енергијата, знаењето, одморот и закрепнувањето.
✨ Кога има многу пари, а малку ресурси
Личноста работи многу и се стреми кон финансиски успех, но го занемарува одморот, исхраната и здравјето.
Тогаш често се случува:
прво се жртвува здравјето за пари,
а подоцна парите се трошат за здравје.
✨ Кога има многу ресурси, а малку пари
Има многу знаење, учење и удобност, но недостасува акција. Идеите се многу, но реализацијата е мала.
⚖️ Вистинската рамнотежа е кога и Богатството и Ресурсот се во хармонија.
Тогаш имаме енергија, јасни цели и способност да создадеме стабилен живот.
Контролирајте го своето Богатство и својот Ресурс.
06/03/2026
💰 Паричниот код на родот – зошто некои деца умножуваат богатство, а други постојано губат пари?
Дали сте забележале дека во некои семејства децата лесно создаваат капитал, а во други и покрај трудот, постојано се соочуваат со финансиски проблеми?
Не е секогаш само воспитувањето.
Според мудроста на БаЗи, постои длабока врска меѓу енергијата на родителите и финансиската судбина на децата.
🌿 Парите имаат свој енергетски код во родот.
Ако во картата на мајката е ослабено Самоизразувањето (енергијата на децата), а во картата на таткото е неповолна Власта, може да се создаде родов образец кој се пренесува низ генерации.
Во такви случаи децата често:
• трошат без план
• тешко ги задржуваат парите
• зависат од финансиска помош
• немаат силна иницијатива за заработка
Овој образец понекогаш се пренесува и на внуците.
✨ Но кога енергијата е во хармонија, приказната е поинаква.
Кога во картата на жената Самоизразувањето е силно, а во картата на мажот Власта е поддржувачка:
✔ децата природно знаат да создаваат богатство
✔ умеат да управуваат со пари
✔ стремат кон финансиска независност
✔ го зголемуваат благосостојбата на целиот род
💸 Децата често се огледало на родовите енергии.
Ако во родот постои образец на лесно дојдени пари што не се ценат, или постојан недостиг, потомците несвесно ги повторуваат истите сценарија.
Но ако во родот постои одговорност и мудро управување со ресурсите, тогаш децата природно се движат кон просперитет.
🌟 Затоа не е случајно што некои милијардери не им оставаат огромни богатства на своите деца. Тие знаат дека парите без знаење и вредности можат да станат товар, а не благослов.
🔑 Најважната порака:
Ако сакате вашите деца и внуци да го зголемуваат богатството, а не да губат пари, започнете да ги менувате навиките.
Променете ги своите енергетски и финансиски обрасци.
Разберете ја својата БаЗи карта.
Вашата свесност и личен пример се највредното наследство што можете да му го оставите на својот род. ✨
💬 Прашање за вас:
Дали во вашето семејство постои образец поврзан со парите – изобилство или постојана борба?
Елена Паригина
28/02/2026
ТВОЈОТ КАРАКТЕР НЕ Е СЛУЧАЈНОСТ – ТОЈ Е КОД
Не сите програми што нè водат се видливи. Некои се запишани уште во моментот на раѓање. БаЗи може да се чита како длабока психолошка програма, како мапа на нашите внатрешни обрасци, потиснати емоции и наследени модели на однесување.
Кинеската метафизика се темели на прецизни математички и календарски пресметки, користејќи го сексагезималниот (60-бројчан) циклус, дуодецималниот (12-бројчан) систем и декадниот (10-бројчан) систем, преку кои се создава јасно структурирана и детална анализа на личните програми и животните циклуси.
Терциерното скриено небеско стебло (ТSND) и скриените небески стебла ги откриваат токму тие тивки механизми што несвесно влијаат врз нашите реакции, избори и односи. Она што го живееме однадвор често е одраз на процес што се случува длабоко во нас.
Споделувам со вас кои се скриените програми за личноста на оваа карта? Ќе забележите дека причините и програмите се јасно дефинирани.
TSND во столбот на годината
Причина: Скриено чувство на тежина и одговорност. Внатрешна борба со емоциите. Страв од губење контрола. Потреба за бегство. Кармичка заситеност. Недоверба кон авторитети. Скриена мудрост. Компулсивна потреба за заштита на послабите. Стари трауми што се пренесуваат од генерација на генерација.
Програма: Личноста внатрешно носи длабоки емоционални слоеви и копнеж за слобода, крие чувство дека никој не ја разбира целосно.
Метал во столбот на годината
Причина: Внатрешна потреба за контрола. Страв од ранливост. Тивок бунт против моќта. Високи стандарди кон себе. Неизразена агресија. Тешкотии со авторитети. Скриена сила и отпорност. Остар внатрешен критичар. Потреба да не се покаже слабост. Таен морален компас.
Програма - Однадвор цврста и одлучна, но во длабочина крие сомнеж во сопствените мотиви и понекогаш има студен поглед кон светот.
2. TSND во столбот ма месецот
Причина - Емоционална преплавеност што не се изразува. Страв од губење контрола над чувствата. Склоност кон бегство. Чувство дека нејзините емоции се „премногу“ за другите. Недовршени емоционални приказни. Преземање туѓи емоционални товари. Страв од ранливост и откривање на вистинските чувства. Внатрешно чувство на „неприпадност“. Потисната лутина кон еден родител (често таткото).
Склоност кон прекумерно размислување и анализирање.
Програма -Личноста внатрешно носи длабоки емоционални слоеви и копнеж за слобода. Kрие чувство дека никој не ја разбира целосно.
Метал во месецот
Причина: Потисната потреба за контрола. Ригидни внатрешни правила. Чувство дека мора „да ја заслужи“ љубовта. Страв од емоционална слабост. Скриена борба со авторитети. Наталожен бес и лутина. Перфекционизам кон себе и блиските. Маска на самодоволност. Однос со родителите исполнет со должност, а малку нежност. Борба помеѓу самоконтролата и желбата за ослободување.
Програма: Пренесени обрасци на ригидност. Cемејниот перфекционизам го обликувал начинот на размислување и комуникација.
3. TSND во столбот на денот на раѓањето
Причина: Повлекување во внатрешниот свет кога е повредена. Задржување стари емоции и рани. Страв од губење контрола над сопствените чувства. Склоност кон емоционална изолација. Не покажува ранливост – делува како да може сè да издржи.
Внатрешен конфликт помеѓу потребата за слобода и потребата за поврзаност. Нејасно изразување на емоциите. Образец на емоционално самооптоварување.
Програма: Дава љубов од длабочина, но се исцрпува ако не добива повратна сигурност. Однадвор изгледа силна, но внатре носи океани несигурност.
4. Столб на Часот
Причинa: Глад за признание. Страв од сопствената моќ. Скриен идеал и потреба од пример. Рани на гордоста од детството. Внатрешна емоционална драма.
Потиснати визии и соништа. Сексуална и креативна блокада.
Тага поради пропуштен сјај. Завист кон „оние што сјаат“. Желба за слава што се рационализира.
Програма: Во длабочината на душата се плаши од стабилност и трајност – посакува возбуда и сјај, но кога ќе ги добие, ја губи внатрешната рамнотежа.
Ги пали мостовите што самата ги изградила.
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Contact the business
Website
Address
Nikola Tesla 14/4/18
Skopje
1000