Nevena Macedonia

Nevena Macedonia

Share

„Невена АД“ , Лесковац е водечка српска козметичка ко?

„Невена АД“ , Лесковац е водечка српска козметичка компанија со 60 годишна традиција во производство и продажба на хигиенски и козметички производи. Асортиманот на производи на Невена опфаќа:

Детска козметика
Производи за орална хигиена
Производи за нега на коса
Козметика за лице и тело
Производи за нега на раце и нокти
Сапуни
Производи за секојдневна употреба


Фирмата константно го проширува својот удел на пазарот и ги завзема клучните позиции на домашниот пазар, како и на меѓународниот пазар, а особено во земјите од поранешна Југославија. Трговските брендови како што се „Косалија“ и др. се надалеку познати и побарувани како оптимална комбинација на добар квалитет и привлечни цени. Во својата класа и успешно конкурираат со други реномирани светски брендови.

Невена е единствената српска козметичка компанија која на своите деловни партнери и корисници им овозможува исклучителен широк асортиман на производи, кои ги задоволуват сите потребни пазарни сегменти. Невена го поседува сертификатот за квалитет- ISO 9001

Во последните години „Невена“ посветува внимание на константно подобрување, внимателно следејќи ги барањата на добро информираните клиенти, како и сите промени во законодавството, како во Србија така и во Европската Унија.

Компанијата инвестира во нова опрема, едукација на вработените, како и подобрување на работната атмосфера. Крајната цел на раководството е производство на современи и иновативни козметички производи со постојан квалитет и безопасни по здравјето на луѓето.

Want your business to be the top-listed Beauty Salon in Skopje?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Category

Website

Address


Skopje
1000