Ina Beauty
✨Салон за убавина и нега ✨
Депилација -восок за една употреба!
Третман на лице
Масажа
Педикир
17/12/2024
30/10/2024
ОПИС
Што е Дерма Пен?
Третманот со Дерма Пен е вид на мезотерапија која се работи со помош на апарат кој се вика Derma Pen.Со овој апарат кој на врвот има кетрич кој се менува при секоја употреба и се наоѓа секогаш во стерилна кеса. На врвот на секој кетрич има иглички,со кој се врши убод. Тие овозможуваат на серумот кој се користи при третманот да влезе што подалеку во кожата.
Со овој третман се создаваат микроповреди со кои се “убива”веќе постоечкиот колаген еластин.Овој третман е погоден за секој тип на луѓе и секој тип на кожа.доколку кожата е многу сува дехидрирана или има флеки од акни,стрии по телото,во зависност од самиот проблем ќе се користат коктели со хиалуронска киселина,витамини и минерали.
За боцкање се користат кетричи со 12 иглички па така со убивање на постоечкиот колаген се стимулира создавање на нов колаген.Целиот процес изгледа така да, кога ние ги правиме тие микроповреди или убоди,микроќелиите испраќаат сигнал дека постоечкиот колаген е повреден и е потребно негово обновување,односно создавање на нов колаген.Обновувањето на колагенот никогаш не се случува така спонтано природно освен во случаи на физичка повреда.Единствено нешто што се случува спонтано е тоа што колагенот старее и се губи,како и со губење на хиалуронската киселина која е заслужна за брчките и стареење на кожата на лицето.
Целосно обновување на колагенот односно целосно создавање на нов колаген трае 21 ден или три недели.Една од предностите на овој третман е тоа што кога се користи коктел од хиалурон,минерали ,витамини,процесот на овој третман им овозможува,супстанците од коктелот да навлезат во средниот дел на кожата.Односно ако користите коктел за хидратација тие состојки ќе навлезат длабоко и ќе ја хидрираат длабински кожата.Тоа е третманот за длабинска хидратација.Тогаш структурата и текстурата на кожата се менува.
За каква кожа е наменет третманот со Дерма Пен?
Овој третман е идеален за сите типови на кожа.
Како изгледа третманот?
Самиот процес на третманот не трае долго,околу 20 мин,но има нега на кожата пред и потоа.Најмногу внимание се посветува на негата пред третманот,чистење на кожата со гел,па следува тоник за лице,и потоа дезинфекција со алкохол.Боцкањето на кожата најмногу се чувствува на челото затоа што таму кожата е најтенка.После третманот се става маска за смирување на кожата на лицето.маската се држи 10 мин.
Опоравувањето од третманот трае 2 дена и во тие денови не се препорачува било каква активност која предизвикува зголемено потење,како и сончање и солариум.Неопходна е добра хидратација затоа што се чувствува затегнување на кожата.Најмногу помага термалната вода и добра крема за хидратација.Кај хидратација е важно и добра SPF заштита.После третманот се појавува црвенило на лицето, но тоа не е ништо страшно затоа што исчезнува за неколку дена сосема.Лица кои го користеле третманот еднаш секогаш го повторуваат затоа што резултатите се неверојатни.Хидрирана кожа,без флеки ,затворени пори,подобрена структура и намалени видливи брчки.
Ina Beauty
18/10/2024
Секогаш одбираме материјали со висок квалитет за да би постигнале одлични резултати...
Одличен резултат после само 5 третмани, со нетрпение го чекаме крајниот резултат...
Дали и вие сте спремни за вакви промени?
01/10/2024
Во просториите на едукативниот центар Орто Дента ЕС ги доделивме сертификатите за курсот ,, Мезотерапија со дермапен и третмани со хемиски пилинзи”.
Нашите уесници го поминаа теоретскиот и практичниот дел, се запознаа со мезотерапијата и хемиските пилинзи, принципите за работа и нивната апликација во секојдневната пракса. Исто така под надзор на едукаторот имаа можност самостојно да работат на апликација на мезотераписки коктели со дермапен на пациенти.
Голема благодарност до сите учесници и до М-р Елена Петров која го сподели своето знаење и искуство.
30/09/2024
Мезотерапија со Дермапен и Третмани со Хемиски пилинг
30/09/2024
Мезотерапија со Дермапен и Третмани со Хемиски пилинзи - Обука
01/05/2024
Честит 1ви Мај
01/05/2024
05/04/2024
https://kupinapopust.mk/deal/index/21551
31% попуст или 1199 денари за целосна депилација со восок за една употреба во салон за убавина Ina Beauty Добивате:Целосна депилација во салон за убавина Ina Beauty.Појаснување:• Задолжителна е претходна резервација на телефон: 072 580 353 Понудата важи само за жени.• Ваучерот ...
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Website
Address
Kuzman Josifovski Pitu 30/1 Lok 2 Aerodrom
Skopje
1000