Janssen Cosmetics Makedonija
JANSSEN COSMETICS - ексклузивни и високо ефективни фармацевтско- козметички производи за нега....
JANSSEN COSMETICS е Германска козметичкo-фармацевстска компанија која е присутна на светскиот пазар повеќе од 25 години. Производите на JANSSEN COSMETICS (козмецеутици) се спој на Козметиката и Фармацијата со што своето дејство го манифестираат во најдлабоките слоеви на кожата за максимален и инстант ефект.
Професионалниот бренд JANSSEN COSMETICS е наменет за употреба во СПА Центри- Хотели/ бањи, дерматолошки ординации и салони за убавина.
Палетата содржи повеќе од 250 производи за лице и тело со кои можат да се изведат многубројни различни третмани, според типот и состојбата на кожата. JANSSEN COSMETICS Academy MK e едукативен центар за козметичари. Обуките се верификувани од Министерство за Образование и Британската CIBTAC (Конфедерација на интернационални терапевти за убавина и козметичари).
Обуките служат да се оспособат идните кандидати за:
- изведување на основни и специфични третмани за лице и тело,
- масажи на лице и тело
- педикир и маникир
- депилација
- мадеротерапија
- тремани со дермапен
- Cupping масажа со вендузи
- стручно усовршување на козметичари- физиотерапевти за велнес и спа терапевти.
- Техники и активна продажба на козметички производи и тремани
Во Македонија, JANSSEN COSMETICS е претставен преку фирмата КА-ИЛ ДООЕЛ од 2016 година.
Доколку ве интересираат нашите производи, со задоволство ќе одговориме на вашите прашања.
26/09/2026
✨ INTENSIVE SKIN RENEWAL SYSTEM | JANSSEN COSMETICS
🔬 Професионален систем за контролирана ексфолијација и обновување на кожата со овошни киселини во концентрации од 30% • 40% • 60%.
AHA киселините помагаат во отстранување на наталожените мртви клетки и го поддржуваат природниот процес на обновување на епидермисот.
✨ Резултатот?
✔️ Помазна и порамномерна текстура
✔️ Посвеж и посјаен тен
✔️ Подобрен изглед на пигментации и фини линии
✔️ Помалку затнати пори и неправилности
✔️ Подобра подготовка на кожата за понатамошна професионална нега
💡 30%, 40% или 60%?
Не значи дека посилно е секогаш подобро. Концентрацијата се избира според состојбата, потребите и толеранцијата на кожата.
JANSSEN COSMETICS – професионална ексфолијација со прецизно избран протокол.
25/09/2026
На 18.10 во Домот на занаетчии ве покануваме на професионална едукативна средба посветена на иднината на подмладувањето и современата грижа за кожата.
💎 Janssen Cosmetics – Longevity Care
Нов концепт кој го гледа стареењето на кожата низ поинаква перспектива – со фокус на долгорочна виталност, регенерација и квалитет на кожата.
🧬 MCCM – Кожата на иднината
Современи пристапи, хемиски пилинзи и иновативни професионални протоколи за кожа која се менува со времето.
👩⚕️ Специјалист дерматолог
Најнови сознанија од дерматологијата и современиот пристап кон стареењето и здравјето на кожата.
🥗 Нутриционист – подмладување одвнатре
Затоа што вистинскиот пристап кон longevity не завршува на кожата. Исхраната, метаболизмот и начинот на живот се дел од целината.
✨ Една кожа. Едно тело. Еден комплетен концепт.
Ова е средба за професионалци кои сакаат да го следат развојот на современата козметологија, дерматологија и Longevity пристап.
📍 18.10 | Дом на занаетчии
📩 Пријавување до 16.10.2026– бројот на места е ограничен.
📞 Пријавете се на 070735227
Правилната грижа за лицето е важна, ама не заборавајте да се грижите за вратот и деколтето ❤️
🏆 JANSSEN COSMETICS ја доби престижната награда на German Brand Awards 2026 во “Beauty & Care” категоријата ✨
Ова признание се доделува на брендови кои се издвојуваат по својата доследна стратегија, силна пазарна позиција и постојаното градење доверба кај клиентите. Од 1.676 пријавени од 18 земји, нашиот бренд беше препознаен од независен панел на експерти.
Ова е успех за целата меѓународна заедница на JANSSEN COSMETICS – партнери, козметолози и клиенти кои ни веруваат секој ден. Ви благодариме што сте дел од ова патување!
Together We Beautify the World
🫧 PURIFYING CLEANSING GEL | JANSSEN COSMETICS
Чистата кожа е првиот чекор кон здрава и избалансирана кожа.
Purifying Cleansing Gel е професионален гел за темелно, но нежно чистење, специјално создаден за мрсна, комбинирана и кожа склона кон неправилности.
✨ Помага да се:
✔ Отстранат вишокот себум, нечистотиите и шминката
✔ Исчистат порите без агресивно сушење
✔ Намали непријатниот масен сјај
✔ Подготви кожата за следните чекори од негата
✔ Одржи посвеж, почист и поизбалансиран изглед
💙 Идеален за секојдневна домашна нега и како прв чекор во професионалните третмани.
JANSSEN COSMETICS – затоа што добриот резултат започнува со правилно чистење.
FACE GUARD ADVANCED ☀️ е идеална заштита во текот на летото.Кремата со заштитен фактор на Janssen Cosmetics ја штити кожата од UVA + UVB + IR зрачење.
Ги штити клетките од оксидативен стрес, го забавува фотостареењето на кожата и е погоден за сите типови кожа. Може да се комбинира со било која крема или серум.
Активни супстанции:
☀️органски UVA и UVB и IR филтри
☀️фермент од термус термофилус - ензим, силен антиоксиданс, ги неутрализира слободните радикали, од IR зрачењето.
☀️ Ектоин®️ - клеточен фактор, произведен од микроорганизми, активно ја штити клетката од топлина и УВ зрачење, ја регулира влажноста
✨ REJUVENATING MASK – интензивна регенеративна нега за зрела и сува кожа
Rejuvenating Mask од Janssen Cosmetics е високо ефективна професионална маска со комплекс за клеточна регенерација, наменета за зрела и сува кожа кај која природните процеси на регенерација и одржување на затегнатоста се намалени.
Формулата е насочена кон интензивна хидратација, подобрување на изгледот на брчките и поддршка на помазен и позатегнат изглед на кожата.
⭐ Комбуха – активна состојка која придонесува за подобрување на изгледот и структурата на кожата и го поддржува процесот на созревање на масните клетки во кожата
⭐ Комплекс за клеточна регенерација – формулиран за интензивна нега и поддршка на обновувањето на кожата
⭐ Интензивна хидратација – помага кожата да изгледа посјајно, помазно и посвежо
⭐ Ефект на природен липо-филер – придонесува за пополнет и порамномерен изглед на кожата
Со своето дејство, маската е особено погодна за кожа со намалена еластичност, сувост, видливи линии и знаци на замор.
Резултатот е кожа која изгледа похидрирано, помазно, посвежо и видливо ревитализирано.
💎 Професионален третман за кожа на која ѝ е потребна дополнителна интензивна нега и регенеративна поддршка.
PEPTIDE PRO-FIRM Treatment ❤
Најнапредната иновација во негата на кожата продолжува да произлегува од спојот на природата и науката во JANSSEN COSMETICS.
Постојат моменти во третманот кои прават огромна разлика. Не поради она што го гледате, туку поради она што вашата кожа почнува да го чувствува. 🍃
Кога техниката, текстурата и активните состојки се усогласуваат, кожата реагира видливо, враќајќи ја рамнотежата, сјајот и виталноста.
Со Peptide Pro-Firm Treatment, откривате искуство дизајнирано да оди подалеку од конвенционалното. 🤗
✨ Сјај, интензивна хидратација и моќна антиоксидантна заштита – во еден професионален третман.
🍒 Acerola Vitamin C Mask од Janssen Cosmetics е професионална маска создадена за кожа на која ѝ недостасуваат енергија, свежина и природен сјај.
Богата со витамин C и антиоксидантни активни состојки, таа помага во неутрализирање на оксидативниот стрес предизвикан од УВ-зрачењето и загадувањето, ја подобрува синтезата на колаген и придонесува за посвеж, порамномерен и посветол тен.
💧 Интензивно ја хидрира кожата, ја подобрува нејзината текстура и ѝ враќа здрав, витален изглед уште по првиот третман.
🌿 Совршен избор за кожа изложена на стрес, замор и првите знаци на фотостареење, како самостоен третман или како дел од професионалните протоколи за ревитализација.
🤍 Наука, луксуз и видливи резултати – потписот на Janssen Cosmetics.
✨ MAKE UP ❤ JANSSEN COSMETICS ✨ има дури 3 функции:
1️ ЕСТЕТИКА - Формулата на подлогата се заснова на амино киселини кои создаваат пигментна обвивка, што резултира со уникатен осветлувачки ефект. Пудрата остава мек, кадифен финиш, кој долго останува на кожата, овозможувајќи ви да имате совршена шминка во текот на целиот ден.
2️ НЕГА - Содржината на Хијалуронска Киселина совршено ја навлажнува кожата. Екстрактот од ферментите на морски бактерии го зголемува нивото на колаген и еластин, што ги пополнува и измазнува линиите на лицето.
3️ ЗАШТИТА - Основата исто така обезбедува совршена заштита од УВА и УВБ зрачење, благодарение на содржаните филтри.
🤎 PERFECT COVER CREAM
Концептот за камуфлажа на JANSSEN COSMETICS е совршено оптичко решение за проблемите кои ги имате со кожата. Коректорот оптички ги прикрива сите кожни несовршености за да се добие изедначен тен кој сите го посакуваме.
🤎 PERFECT RADIANCE MAKEUP
Пудрата за лице која лесно и рамномерно се нанесува на лицето.
• издржлива и отпорена на триење
• додава дополнителна влажност на кожата
• ја штити кожата од слободните радикали
• дејствува превентивно против стареење
• содржи SPF 12, кој штити од UVA/B зрачењеto и предизвикува пријатно чувство на кожата
🤎 Perfect Powder Fixing
Транспарентната пудра одлично се прилагодува на тонот на кожата, ја фиксира, не дозволува да се размачка и ја прави водоотпорна.
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Contact the business
Telephone
Website
Address
Praska 15
Skopje
1000
Opening Hours
| Monday | 09:00 - 17:00 |
| Tuesday | 09:00 - 17:00 |
| Wednesday | 09:00 - 17:00 |
| Thursday | 09:00 - 17:00 |
| Friday | 09:00 - 17:00 |
Alerts
Be the first to know and let us send you an email when Janssen Cosmetics Makedonija posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.