Charme

Charme

Share

Kozmetickiot salon Charme postoi od 1994 godina osnovan od Hristina Kujumdjieva, eden od 15te majst

Kozmetickiot salon Charme postoi od 1994 godina osnovan od Hristina Kujumdjieva, eden od 15te majstori kozmeticari vo Makedonija.

31/01/2022

Во ладните денови е најдобар детокс третман топла Капинг терапија со која воедно се внесува топлина во телото, а преку крвта се чистат токсините од вирусите, настинките, храната и загадениот воздух кои се насобрале во организмот.
Затоплете го и прочистете го вашето тело од изминатиот период 🤗

01/01/2022

Сакани наши во изминатата 2021 година ни бевте инспирација за нови холистички третмани и нано технологии како вашата природа да засјае во овој убав свет. Ви благодариме за такви какви што сте, во потрага по суштинското.
СРЕЌНА НОВА 2022, нека благослов во изобилство се влее во вашите срца и домоби за сечиј добробит. Се гледаме со нови магии од природата ☄☄☄
Ве сака ШАРМ 💖

19/05/2021

Гуа ша масажа на лице, врат и деколте

🌸Третман со ритуал кој ослободува од стрес и заземјува.
🌸 Ја ослободува напнатоста во лицето и вратот, со притисок на полудрагиот камен
🌸Во исто време ја ослободува лимфата од лимфните јазли и прави детокс
🌸Природен лифтинг со рабовите од каменот кои вршат подигнување, обликување и затегнување на кожата, и во исто време зголемува циркулација, и со тоа кожата се просветлува
🌸Сјајна кожа, со подобрена лимфна функција и циркулација, и со нежно гребење со каменот кој прави природен пилинг за маслата кои се нанесуваат на кожата со богати фитонутриенти и навлегуваат во подлабоките слоеви во кожата

13/05/2021

Среќни празници

08/03/2021

Среќен 8ми Март од вашите Шармерки 💓

23/12/2020

ЗА НЕГУВАНА КОЖА НА ЛИЦЕТО
ПАКЕТ ОД 4 ТРЕТМАНИ НА ЛИЦЕ
🌺Третман со витамин Ц
🌺Третман со кислородна инфузија
🌺Пилинг третман со хлор оцетна киселина
🌺Третман со колаген
Сите третмани имаат и масажа на лице околу 30 минути
Пакетот чини 4000 денари

09/06/2020

ДЕРМАПЕН МИКРОНИДЛИНГ

Третманот со Дермапен го активира производството на колаген преку техниката со микронидлинг.
Што подразбира тоа?
За време на третманот многу тенки иглички продираат во дермисот и создаваат многу тенки дупчиња кои се под агол од 90 степени. Тоа предизвикува кај нашата кожа сама од себе да заздрави од механичката повреда. Како што кожата заздравува така се исполнува со млади, нови клетки на кожата што резултира со поцврста измазнета кожа и ново производство на колаген.
Третманот Дермапен не го нарушува надворешниот слој на кожата и истовремено промовира заздравување и раст на слоевите кои се изработени со микро-иглите.
Овој третман се користи за да се намалат знаците на стареење на кожата, лузни од акни, затегнување на кожата и знаци на пигментација.
Доволни се само 3 третмани со Дермапен на секои 12 дена за долготраен ефект.

29/05/2020

МАСАЖА НА ЛИЦЕ, ВРАТ И ДЕКОЛТЕ

💛Ја ублажува тензијата.
Кога мускулите на твоето лице се напнати, создаваат брчки, поради што треба редовно да се масираат.

💛Ги тонира мускулите на лицето и ја ублажува напнатоста.
Кога се чувствуваме стресно, уморно или кога мислите ни се насочени кон некоја работа во текот на денот, го затегнуваме пределот на челото и очите, што со текот на времето предизвикува брчки.

💛Ослободува токсини.
Токсини се собираат во нашата кожа, придонесувајќи за фини линии, отеченост и дехидрирање. Масажата на лицето го зголемува протокот на крв, се постигнува лимфна дренажа и кожата станува свежа и чиста, од внатре и надвор.

💛Ја зголемува циркулацијата.
Со движење на одредена масажа на лицето почнува наплив на крв и кислород на кожата, и со тоа кожата станува по бистра, повеќе исполнета и еластична.

💛Ја подобрува апсорпцијата на производот.

💛Релаксира.
Масажата на лице е исто толку добра во олеснување на емоционалната напнатост, но и за смирување на мускулната напнатост.

🧡Ние практикуваме комбинација на повеќе типови на масажи на лице, врат и деколте,
лифтинг, тонусна, релакс,
доколку е потребно се надоврзуваме со гуа ша масажа и мадеро масажа, кои трааат вкупно 45 минути🧡

Телефон 070 275 956 и 070 370 096.

26/05/2020

ГУA ША МАСАЖА ЗА ПРОМОВИРАЊЕ НА МЛАДО ТЕЛО

БЕНЕФИТИ ОД РЕГУЛАРНА ГУА ША МАСАЖА НА ТЕЛО
Го намалува целулитот
Ја подобрува циркулацијата на крвта
Прави лимфна дренажа
Дава здрав витален сјај на кожата
Ја регенерира кожата
Го подобрува тонусот на мускулите со раскинување на фасцијалните адхезии кои предизвикуваат ограничен проток на крв во мускулите
Дава помека, помазна и поцврста кожа
Ја намалува болката, напнатоста и акумулацијата на целулитот
Повеќе проток и енергија во организмот
Помалку напнатост и болка
Гуа Ша масажата го буди телото и му овозможува поголема виталност и младешки изглед

Телефон 070 275 956 и 070 370 096

Want your business to be the top-listed Beauty Salon in Skopje?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Category

Telephone

Address


Пржино бр. 6
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 21:00
Tuesday 09:00 - 21:00
Wednesday 09:00 - 21:00
Thursday 09:00 - 21:00
Friday 09:00 - 21:00
Saturday 09:00 - 16:00