Astronyoga
Staring up, in the sky can help you stare and face yourself on the inside. Astrology and yoga combined, lets you in on the secrets of your soul.
Ever wonder why you keep getting dealt the same card deck? Can you identify what lessons you need to learn in this life? Or more importantly, can you let go of what you've already learned? Do you know, can you tell the times when things are clear as a whistle, but then other times, you're head is so cloudy inside and out, you could qualify for a meteorological phenomenon?
........................
11/09/2021
Венера во пад - Шкорпија
Спремни ли сте да ја преиспитате вашата реалност, и сѐ што држите како вредност?.....................
Една од потешките положби, за Венера, а нема да помогне и што Марс влегува во својот пад, во Вага. Во воздухот деновиве, очекувајте сплетки, интриги, искривени вистини, од нас се бара да држиме будно око, ладна глава, да направиме проценка, што е блиску до нашата вистина, а што не е. И, секако, ако имате нерасчистени сметки со поранешни партнери, не се изненадувајте ако ви се појават повторно во животот. Не значи дека треба сѐ да паузирате и да се затрчате како мува без глава во нефункционални односи, туку застани, диши длабоко, и прашај се себеси, дали те привлекува тој/таа или пак сликата за него/неа што ја имаш во главата? Имај во предвид, Венера во ♏ и умот ја искривува реалноста, колку по драстично, толку по катастрофално ќе биде кога ќе ги тргнеме розевите очила, и до носот ќе заритаме во реалноста. Направи проекција со мислите, стави се себеси во тој однос, разбуди се до него/неа... И? Што сега? Имате ли здрава комуникација? Освен телесното, освен страст, ти носи ли оваа врска нешто ново? Нешто квалитетно? Биди искрен/а, без идеализирања. Е тежок период, ќе има мноооогу двоумење, но потенцијалот за трансформација е огромен. Шкорпија е 8ма куќа, на промени, на метаморфоза. Идеално време да почнеш да се ослободуваш од кармичкиот товар кој се насобрал. Јога, медитација, или нешто кое од сѐ срце те инспирира, подари си внимание, никој не може да ти го подари, како што можеш сам/а
Ако не знаеш од каде да почнеш, те поканувам на Кундалини јога циклус - Слободни под ѕвездите- елиминација и просперитет, ќе вежбаме, ќе медитираме, три недели во најгустото
Нај погодени овој период ќе бидат ♉ ♏ ♒ ♌
Sat nam 🙏 Seva Jai Sigh 🙏
08/09/2021
После дооолга припрема, нечкање, отпори, планови, и конечно, пуштање, препуштање, свечено се одлучив да ве поканам, на мојот прв (официјален) onile циклус Кундалини јога. ......................
За тие кои не се запознаени со Кундалини јога - ова е техника каде што работиме со 3 аспекти:
*Физички аспект - телесни вежби/положби
*Ментален аспект - медитација и техники за фокус и концентрација
*Енергетски аспект - ги насочуваме енергијата и вниманието од дното на рбетот кон темето на главата......................
♥️Што ќе работиме?
Крија односно сет на вежби со кои ќе ги активираме енергетските центри на дното од рбетот, а со тоа:.......................
*Ќе се ослободиме од болки во долниот дел од грбот.........................
*Ќе ги разешиме проблеми со затнатост или опстипација.........................
*Ќе ги доведеме жлездите со внатрешно лачење во рамнотежа.........................
*Ќе го зајакнеме јадрото на телото.........................
*Ќе го оптимизираме функционирањето на дигестивниот систем.........................
♥️Медитација за заштита и проекција од срце, со која:..........................
*Ќе го отвориме срцето, и ќе се стопиме пред силата на мирот кој го имаме во него.........................
*Ќе го ослободиме гласот, ќе пееме.........................
Циклусот започнува на 18.09.2021, часовите ќе се одвиваат секој ден, 21 ден, односно 3 недели во 20:00 часот, online преку платформата Zoom, а ќе траат 45 минути.........................
После секој час, простор е отворен за комуникација на искуства, кој сака, кој не сака не мора 🤗🙏♥️.......................
Пријавувањето е задолжително, на мејл [email protected], за да ги добиете сите технички информации
Дојдете, да се ослободиме под ѕвездите 🌌✨🌌
15/07/2021
Што те ослободува? Каде ја наоѓаш својата оригиналност, каде си вистинска, автентична?
.
.
.
Јас најдов слобода низ кундалини јога, а процесот ми донесе толку многу.
.
.
.
Не сум повеќе во страв, загриженост како ќе изгледам пред другите
.
.
.
Не сум окована за навиките, за луѓето во мојот живот
.
.
.
Не се плашам да бидам сама, дури и уживам во времето што го двојам за себе
.
.
.
Не ми е страв да се отворам, да бидам ранлива, да ја покажам женственоста
.
.
.
Долго барав, се прашував зошто јас? Од каде овој порив да се лепам за емотивно недостапни партнери, за луѓе кои ми ја цедеа енергијата
.
.
.
Well, turns out, сето било моја одговорност, како јас одговарав кармичките циклуси, чии корени се протегаат длабоко во лозата на жените од моето семејство.
.
.
.
Денес, слободно можам да кажам дека се исцелив себе, предките од страдањето низ кои тие, а и јас поминував
.
.
.
Ако сакаш да дознаеш повеќе за овој процес, за Кундалини јогата како алатка за исцелување, те поканувам на час на отворено
.
.
.
Кога?
24.07.2021
Каде?
Градски парк Скопје
Цена?
500 денари ако доаѓаш сама, 300 денари ако доаѓате со пријателка
Пиши ми порака во инбокс за да се пријавиш
.
.
.
Што ќе ти биде потребно?
Јога простирка
Бела или светла облека
Марама за покривање на главата
Се гледаме 😊🙏❤️
❤️Се радувам на дружбата ❤️
#јогакодрога #јогаскопје #јога #жена #себе #љубов #исцеление #мир
Ајмоооооо Нумерологија 📢📢📢👌👌👌 последниот од низата броеви кои ги опишуваат нашиот карактер. Денес ми се виде одличен ден да напишам по нешто и за бројот 1️⃣1️⃣ Ако во датум на раѓање го имаш овој број, чист, како 11 или пак тие роденден во Ноември, иииилииии пак како збир од 29, продолжи да читаш..............................
Апсолутно, најзначајната карактеристика на луѓето со овој број во датата на роденденот е
⛑️ТВРДОГЛАВОСТА⛑️ Никогаш не се откажуваат, дури и при impossible odds. 🙅♀️🙅♂️🏅⭐................................
Ова, не е секогаш во наша полза - како носител на бројот 29 во мојата дата на раѓање, сум скршила повеќе од еден "ѕид" со главата ⚠️🤕🤕 остро око за детали, но единствено за нештата кои будат силна искра во душата 🎇💖✨💥...............................
Вечни трагачи по сопствената природа, по сопствената светлина, како Диоген со факелот, често ја бараме истата секаде околу нас, освен во себе 🔦💡🚦🚨 овој број, има две, специфични вибрации: ...............................
#️⃣a) Собрани, двете единици даваат 2ка. Манифестацијата на оваа двојка за една 11ка е катастрофална слика за себе. Постојан, длабок критицизам кој извира од самата подсвест.👎⛔😶🙅♀️🙅 Тажно, но вистинито, овој број тежнее кон оваа вибрација, па затоа и 11ките се тешки перфекционисти, и ретко (скоро никогаш) не сме задоволни од нештата................................
#️⃣б) Втората манифестација на овој број, односно кога конечно една 11ка ќе дозволи да свети, да тече во својот талент, своите дарби, тогаш се случува нешто неверојатно. Тогаш стануваме способни да комуницираме со луѓе од секакви области, или животни патеки. 🎇 Способни се да ја засведочат работата на универзумот, од деталите, до најшироката слика 🖼️📸...............................
Во допир со најдлабоката, внатрешна природа, во овој број се крие талент за вистински духовни учители 🕉️🌌🎆.................................
#нумерологија #астрологија #нумеролог #астролог #кундалини #кундалинијога #јога #јогакодрога #инстаграмџии #инста
Бројот 10 е доста застапен во секојдневниот живот, топ 10 песни, филмови, модели, 10 дела во било која област. Дури и 10 божји заповеди... 🎶🎥📜.............................
Како вид на планетава, ние луѓето како да го сметаме бројот 10 за симбол на целовитост, иако во последниве години немаме баш многу време ниту да изброиме до 10 ⏰🚨🏃♀️🏃♂️.............................
Луѓето со бројот 10, 19 или пак 28 во денот или месецот на раѓање, во себе носат печат на благородност 👑👑👑
Но, како и самите да не се свесни за сопствената големина, за светлината која од нив извира и ја осветлува околината 🕯🕯🕯............................
Често, овие луѓе ги сведочат сенките, почнувајќи од сопствената, секогаш мислејќи на најлошото сценарио. За да биде уште по комплицирано, длабоко чувствуваат и целосно се даваат во односите, во пријателствата 👫👭👬..............................
Лојални пријатели, тешко простуваат, и ако успеат никогаш не забораваат. Она што ги прави посебни, е токму силата која ја зрачат како рефлектор, каде и да се најдат. Единицата е душата, а нулата делува како појачало, вуфер кој силно ја извикува, зрачи и пренесува пораката. 📢📢📢.............................
Мотиватори по природа, овие луѓе се способни да ви покажат за што сé сте способни, што сé се наоѓа во длабочина на душата. Не ги интересира површината, дури и како да забораваат да се грижат за сопствениот изглед понекогаш (мрсна коса, удобна облека, не испрана со недели) 🙇♀️🙇♂️💠💗..............................
Природата на бројот 10 е да инспирира со самото постоење, благородно и истрајно да застане во лицето на секој предизвик, лавовски, без страв и колебање 🦁👑🦁
#нумерологија #астрологија #инстаграм #инста #број10 #интересно
23/03/2021
Сезона на Овен, it's official. Ми се шета, излегува, крвта ми врие, имам сила во дланките да поместувам планини. Нови почетоци, интензивни средби, отсечни одлуки без многу да му ја мислам. Ризици? Се присутна можност да летам како мува без глава, па и пропратно да ја оставам некаде истата, за покасно, кога ќе ме стигнат последиците од непромислените одлуки 🤯😅🤣 Можности? Еден куп, надоаѓаат од сите страни, па поим си немам каде да го држам вниманието, тука, овде, таму, утре, но никогаш вчера! 😎
Овен, Aries, почеток на циклусот, Марсов оган, искра на жиовт која експлодира во незаситен апетит, секогаш повеќе, секогаш по високо, прогресивно, независно, воинствено
Среќен роденден, Овни, вие Марсови бебиња од универзумот, благодарам за примерот на бестрашност, одлучност и интензитет 🙏💪🐏
04/03/2021
Бесконечност во една линија - бројот 8 ♾♾♾..........................
Со овој број, во Кундалини нумерологијата е означено праничкото тело, односно енергијата која го движи, анимира, вдахнува живот во физичкото тело 🌬💃..........................
Луѓето со овој број во датумот на раѓање (8, 17, 26) се соочени со парадоксот на конечното, проткаено низ вештите прсти на бесконечноста. Праната, енергијата која е се присутна, која струи низ сите битија, кај овие луѓе се манифестира на уникатен, силно интензивен начин 🗯💢♨️...........................
Кога се во позитивниот пол, односно повисоката вибрација на 8ката, овие луѓе се одлични лидери 👔👠🎯
Живи, полни со енергија, претприемачи, инвентивни во бизнисот ⚡💡🔥
Луѓе со големо срце, филантропи, моќта и парите го наоѓаат патот до нив, најмногу поради одлучноста, конзистентноста и упорноста со кои остваруваат сé што наумиле 🧠✔🏁
Спремни и да превземат ризици и прогресивни, го гледаат светот практично, наоѓајќи ја при тоа невидливата врска, која ги поврзува сите битија ♾💰...............................
Но, ако овој број во датумот, е надвор од рамнотежа, и вибрира кон по ниската фреквенција, тогаш една 8ка се претвара од одличен лидер, во деспот кој својата волја ја наметнува секаде каде што ќе успее ⚖😨👿🦹♂️🦹♀️
Сиот интензитет тогаш биднува во служба на материјалното, најважно е да се заработи, целта ги оправдува средствата 💸🤑💳
Се појавува исконски страв, од загуба на земниот идентитет, на сé што изградиле, скржаво држејќи до себе, до егото, ја негираат сопствената бесконечна природа 🗯✋🚦
24/02/2021
Кундалини нумерологија 101 денес, бројот 7 е на менито ..........................
Сите кои го имате бројот 7 во датумот на раѓање (7, 16, 25) се надевам ќе се пронајдете во следново 🤷♂️🤷♀️🔍...........................
Од сите броеви, овој има најголем апетит за спиритуален раст, за откривање на одговорите на најголемите мистерии. Светот го гледаат низ призмата на љубопитност, секогаш се осмелуваат да копаат длабоко, едноставно МОРААТ да знаат 🧠📖📚🤯...........................
По природа, одлични оратори, писатели, истражувачи. 7 е носител и на гласот, па следствено, имаат и милозвучен глас, чуство за мелодичност (колку и да го негираат, вистина е) 🎼🎤🎶..............................
Како и секој друг број, и 7 си има маани и предизвици. Многу често луѓето со 7ка во датата на раѓање се премногу чувствителни, и нештата ги сфаќаат премногу сериозно ⁉️😑😫🤦♀️🤦♂️...........................
Една 7мица знае цел живот (или значителен период од него) да го помине верувајќи и мислејќи дека сите ги доживуваме нештата на ист начин, па ќе направат сé, само да не повредат некого, бидејќи поаѓаат од себе, знаат колку нив тоа би ги болело 🤕💔😧............................
Реализацијата дека не секој чувствува на ист начин, е вистина ослободување од вина и минато каење, од искуство зборувам, и јас имам 7ка во датумот на раѓање, не анализирај дур го читаш текстов 😂😂😂............................
Мастери во overthinking, овие луѓе бараат мистерија, бараат интелектуална стимулација. Често знаат да западнат во екстремно однесување, да вистински имаат потреба од луѓе во животот, се радуваат на туѓата среќа 🙃☺😃👨👩👦👦
Но, имаат и периоди кога не сакаат, едноставно не можат да се дружат со никого, сакаат да бидат сами, да ги наполнат батериите, за потоа повторно да се трансформираат во социјални пеперутки 🤗🔋🐛🦋.............................
Чувствителни, мистерозни, уживаат во среќата на луѓето околу нив, срцето на 7ката е најсреќно кога ќе даде, но и кога ќе прими комплимент 🥳😊☺❤🎉🥂
#нумерологија #астрологија #инстаграм #интересно #инстаграмџии #јогакодрога #кундалинијога #кундалини #хороскоп #7 #себе #спирит #спознавање
Кундалини нумерологија ......................
11 броеви, 11 тела. Едно физичко, три ментални и четири енергетски 🧚♂️⏏⚡🚥🧠.......................
Секој од броевите носи своја вибрација, но заедничката особина на броевите од 1 до 6 е тоа што овие броеви се по лични, по насочени кон индивидуалноста и автентичноста. 🌌🦄🌌........................
Ако во датумот на раѓање (ден и месец) имате број од 1 до 6 тогаш вашиот најголем предизвик е, како да останете верни и доследни на себе, без при тоа да се потиснувате и по секоја цена да барате место, каде припаѓате. 📉📈🔗.........................
Службата, како благодарно дело секогаш почнува од себе. Кога сме способни да се слушаме себе сопствената интуиција, да си пружиме себеси сочувство, љубов, одмор, пауза кога ни е потребна, тогаш и единствено тогаш сме способни да го пружиме истото и на остатокот од светот. 💖💞💑..........................
Не значи ако имате "млад" или личен број во датумот на раѓање дека сте не зрела душа, самата ваша појава во човечка форма, со самиот факт што го читате текстов зборува многу за вашето патување низ универзумот, вашиот раст, развој 📤🚡📥🛬🛫✈.........................
Но, внатрешните т.е. младите броеви рефлектираат и укажуваат дека вашата автентичност во овој живот ќе биде на еден или повеќе начини предизвикана. 🙅♂️🚷🙊🙅♀️.........................
Животното прашање биднува: "Дали ќе бидам вистинска/и, без разлика на околностите?" И "Дали ќе успеам да го надминам сопствената тврдоглавост и каприци?" 😧🤬😇😠😤💢..........................
Да се биде вистински не значи цврсто држење на едно мислење и верување бидејќи ете, со тоа сме се препознале. Напротив, луѓето кои во срцата гајат автентичност, се способни да погледнат по длабоко во верувањата и мислите, дирекно во чувствата, и од таму да проценат која е нивната вистина. ✔💟💙🧡❤🖤♥️💖💝💛
#нумерологија #кундалини #кундалинијога #јогакодрога #себе #љубов #инстаграмџии #хороскоп #инста #интересно
15/02/2021
Нумерологија 101 📟
Денес ќе зборуваме за бројот 6
Самата структура која ја носи, мислам на затворениот круг, кој како меше го краси овој број. 🍑🥑................................
Луѓето родени со 6ка во датумот на раѓање (6, 15, 24) без разлика дали тоа е во денот или месецот на раѓање, по природа се давачи. Постојано трагаат по совршената хармонија, сакаат на сите околу нив да им е "погодено"👀🎈🎯.................................
Ова не е секогаш можно, па 6ката постојано е во некоја или нечија потреба, неуморно давајќи се себеси, давајќи од себе, несебично дури и на своја штета. 😖😮👀................................
Бескрајно шармантни, мастери со зборови, овие луѓе точно знаат што сакате да слушнете. Низ нив тече поезија од чувства, и бури но и пролетен ветер кој смирува но и поттикнува. 🦸♂️🦸♀️..............................
Силна врска со интуицијата, иако, парадоксално често се наоѓаат во конфузија и збунетост. Силна желба за сé да биде совршено, идеалисти и љубители на fair play ⚖
08/02/2021
Нумерологија 101
Денес ќе научиме нешто повеќе за бројот 5, какви карактеристики носи, кои се предизвиците 🗯⛑ а кои талентите 💃🦋 на луѓето со 5ка во датумот на раѓање ...........................
Кундалини нумерологијата диктира, 5то тело е физичкото тело. Ги имаме вкупно 10, 3 ментални, едно физичко, 6 енергетски и едно отелорворување, сите тела 🌈 заедно. ..........................
Ако имате 5ка во датумот на раѓање, (5, 14, 23) во себе носите една по длабока мудрост, некои нешта не ви е потребно да ви бидат кажани, изречени. 📜🧠👀 Имате одлична моќ на перцепција, и многу вешто ги "ловите" моментите во социјалните односи 💑👥👨👩👦👦..............................
Поседувате талент за ораторство, зборовите течат како мед и млеко од вас. Способноста да ги поткренете, поттикнете и подржите луѓето околу вас се крие токму во вашиот говор, вашето присуство. 🎼🎶💪...........................
Предизвикот на 5ките е да го совладаат стравот од силата на сопствениот глас и сопственото присуство. 5ката е бројот на учителот, на физичкото тело кое ја прави најголемата жртва, со нас е секој миг од овој живот, работи и функционира без разлика дали сме свесни за тоа или не. 🦸♂️🦸♀️👩🏫👨🏫.............................
5ките, кога се избалансирани, ќе ги најдете во фитнес салите, силно и интензивно вежбање е вистинскиот избор за една 5ка. Наредното омилено место на овие луѓе е во кругот на пријатели, не е важно каде, важно е со кого. 💪👥🏋️♀️🏋️♂️🤾♀️🤾♂️..............................
Секогаш љубопитни, флексибилни и расположени за нови авантури, љубители на слободата, не се обидувајте да ги врзете за себе ❗🧨
Ако 5ката е во пониска вибрација, тогаш стануваат ригидни, тврдоглави, нетолерантни. Предизвик е градењето на дисциплина и конзистентност. Чувство на нереализираност, како постојано нешто да недостасува. 😩😖🚫🙅♂️🙊
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Contact the business
Website
Address
Skopje
1000