Skola za ubavina ART

Skola za ubavina ART

Share

Прва и единствена школа за убавина во Македонија која ги нуди сите обуки од областа на убавината и естетиката на едно место!

Photos from Skola za ubavina ART's post 24/09/2026

На 16 септември, во просториите на FABUspot во East Gate Mall, одржавме workshop „Find Your Signature Look“, заедно со MAC Cosmetics и нашата едукаторка за шминка Андријана Митовска. ✨

Уште во првите 30 минути по објавувањето, сите места беа пополнети , нешто што навистина нè израдува и ни покажа колкав интерес постои за ваков тип на настани. Ви благодариме за довербата! 🤍

Имавме прекрасна, интерактивна работилница во која девојките имаа можност да научат практични трикови за шминкање, одблиску да се запознаат со MAC производите и да видат како правилно да ги изберат нијансите, текстурите и производите според својот тип на кожа, цртите на лицето и индивидуалните потреби.

На крајот, секоја од нив можеше да добие и конкретна препорака кои производи најмногу ѝ одговараат, затоа што токму тоа беше и идејата на „Find Your Signature Look“: да го пронајдете она што најдобро функционира за вас. 💄

За спомен од ова прекрасно дружење, сите учеснички добија благодарници од Школа за убавина АРТ за своето присуство, како и подароци од FABUspot. 🎁🤍

Атмосферата беше прекрасна, дружењето уште подобро, а интересот над сите наши очекувања.

FABUspot, ви благодариме за можноста, довербата и прекрасната соработка која ја градиме заедно.

А со вас се гледаме многу наскоро , на уште еден, уште поголем и поинтересен beauty настан. ✨

22/09/2026

Да се потсетиме на 16 септември, кога заедно со FABUspot, го доживеавме MAC Beauty Event во East Gate Mall, а овојпат не сакавме само ние да ви раскажеме како поминавме. 🎥

Ги прашавме учесничките како си поминаа, што им остави најголем впечаток и кој MAC производ им е омилен. А одговорите? Дефинитивно вреди да ги погледнете. 🤍

Додека се потсетуваме на последниот настан, "позади сцената" подготвуваме уште многу нови настани, соработки и beauty моменти што едвај чекаме да ги споделиме со вас.

Следете нè, најинтересното допрва следува. ✨

Photos from Skola za ubavina ART's post 22/09/2026

💄 ОБУКА ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА ШМИНКА - КОЧАНИ

📅 Почеток на нова група: 30 октомври

🔥 LAST MINUTE –25% ПОПУСТ

• можност за плаќање на 6 месечни рати
• дополнителни –5% за плаќање во готово

⚠️ Бројот на места е ограничен.

За пријавување и повеќе информации, пишете ни во порака. 💌

11/09/2026

Нашата обука започнува со теоретски дел, каде што се запознавате со масажата во целост и со техниките и принципите што ќе ги работите во текот на обуката.

Потоа следува демонстрација од нашата едукаторка на модел, а веднаш потоа редот е ваш. ✨
Вие, како курсисти, работите на модели обезбедени од нашата школа и уште од првиот ден стекнувате практично искуство.

Обуката е наменета и за целосни почетници, но и за оние кои веќе имаат основа и сакаат да ги надградат и дополнат своите знаења.

Нашата цел не е само да ја завршите обуката со сертификат, туку да излезете со знаење, техника, практика и самодоверба за работа со клиенти.

Затоа учите, вежбате и работите уште од првиот ден, за по завршувањето на обуката да бидете подготвени своето знаење да го претворите во професија која ќе ви донесе многу задоволни клиенти!

📩 Уписите во новите групи ни се отворени. За информации и пријавување, пишете ни во инбокс или 071-228-776.

04/09/2026

💄 MAC BEAUTY EVENT | FIND YOUR SIGNATURE LOOK

📅 16 септември | 19:00 часот
📍 FABUspot East Gate

Колку пати си купила кармин, пудра или некој друг makeup производ затоа што изгледал совршено на некој друг, а потоа сфатила дека едноставно не е за тебе?

Токму затоа го организираме “Find Your Signature Look”.

Интимен MAC Beauty Event, создаден за сите девојки и жени кои сакаат подобро да ја запознаат шминката и конечно да знаат што навистина им прилега и што вреди да имаат во својот несесер.

Заедно со едукаторката за шминка во Школа за убавина Арт, Андријана Митовска, и менаџерката Марија Мојсова, ќе зборуваме и ќе пробуваме:

• кои MAC производи се вистински за тебе
• кои нијанси и текстури најмногу ти прилегаат
• каков финиш да одбереш
• кое е твоето идеално lip combo
• кои производи навистина ќе ги користиш секојдневно

Ќе имаме и makeup демонстрација на look кој лесно можеш да го носиш преку ден : на работа, бизнис состанок, кафе со пријателките, а со мали промени и навечер.

И секако, нема само да гледаме. Ќе можеш лично да ги пробаш производите и да добиеш совет што одговара токму за тебе.

🎁 На крај секоја гостинка добива подарок од FABUspot, благодарница од Школа за убавина Арт и персонализирана картичка со MAC производите кои најмногу ѝ одговараат.

Бројот на гости е ограничен и учеството е само со претходна пријава .

📩 За пријава испрати ни во INBOX на профилот на Школа за убавина Арт:
име, презиме и телефонски број.

Photos from Skola za ubavina ART's post 24/08/2026

Half Cut Crease беше техниката која курсистите од обуката за професионална шминка во 📍Кочани ја совладаа на 4тиот час.

Под менторство на едукаторката курсистите одлично се покажаа, а и самите изработки говорат за тоа ✨

Додека ние го следиме напредокот на курсистите во Кочани, отворени ни се уписите во новите групи и во Скопје и во Кочани.
📍Кочани 📆23.09 - ДВЕ СЛОБОДНИ МЕСТА
📍Скопје 📆16.09 - ДВЕ СЛОБОДНИ МЕСТА

Photos from Skola za ubavina ART's post 24/08/2026

Не е само уште една обука. Ова е местото
каде што од првиот чекор, преку демонстрација и практична работа на модел, се гради сигурност, техника и професионалност.

На нашата обука за свилени трепки, курсистите не само што гледаат, тие работат, прашуваат, пробуваат, се корегираат и учат под водство на едукатор.

Затоа што успешната приказна започнува со одлуката да научиш нешто ново. ✨

Ако и ти сакаш да ja совладаш техниката за свилени трепки и да создадеш услуга koja се бара во текот на целата година, можеби токму сега е твојот момент.

За дополнителни информации и пријавување исконтактирајте нѐ во инбокс 🎯

24/08/2026

Пред и потоа - изработки на нашите курсисти од обуката за Свечени фризури!

Отворени се уписите во новите групи!

24/08/2026

Секоја успешна приказна има свој прв чекор. ✨

А за многу од нашите курсисти, тој чекор започнува токму тука, на обуката за професионална шминка во Школа за убавина Арт.

Од првото нанесување сенка, првата техника, првиот модел… до моментот кога знаењето станува вештина, а вештината, професија. ✨

Горди сме што секојдневно ги гледаме почетоците на нови успешни приказни и што токму од нашата школа тргнуваат курсисти кои еден ден стануваат професионалци.

Ова видео нека биде твојот знак дека на ред е да започне твојата успешна приказна! 🏆

📍 Уписите за септемвриските групи се отворени и во 📍Скопје и во 📍Кочани! За дополнителни информации и пријавување исконтактирајте нѐ на 071-228-776!

14/08/2026

☀️ ЗАВРШУВААТ НАЈГОЛЕМИТЕ ЛЕТНИ ПОПУСТИ!

Само до 17.08 имате можност да се пријавите за било која од нашите обуки и да ги искористите најголемите летни попусти досега.

Покрај намалените цени, добивате и:

✨ Плаќање до 6 месечни рати без камата, без банки и кредитни картички�🎁 ГРАТИС онлајн обука по ваш избор од нашата онлајн платформа со секоја пријава�📅 Можност да ја посетите обуката во следните 3 месеци

Попустите важат за сите обуки во:�📍 Скопје�📍 Кочани

Ако веќе подолго време размислувате за нова професија, усовршување или дополнителна вештина , сега е вистинскиот момент да го резервирате вашето место по најдобри услови.

Пријавување најдоцна до 17.08.�За информации и резервација на место, пишете ни во порака. 🤍

Want your business to be the top-listed Beauty Salon in Skopje?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Category

Telephone

Address


"Franklin Ruzvelt" Br. 1
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Skola za ubavina ART posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Subscribe

We will notify you when anything happens in Skopje.